Општина Куманово ги повика граѓаните да пријават штети од невремето

Општина Куманово ги повика граѓаните и правните субјекти кои претрпеле материјални штети од невремето што го зафати градот во периодот од 20 до 26 јули 2026 година да поднесат барање до Комисијата за процена на вредноста на штетите од природни несреќи и други непогоди. Барањата треба да се достават во архивата на Општина Куманово, а крајниот рок за поднесување е 31 јули 2026 година.
-Кон барањето потребно е да се приложат, копија од лична карта за физички лица или решение, односно тековна состојба од Централниот регистар за правни субјекти – сопственици на имотот, копија од имотен лист за објектите што претрпеле оштетувања, копија од трансакциска сметка на сопственикот- информираа од Општина Куманово.
Од општината посочуваат дека граѓаните можат, но не се обврзани, да приложат и фотографии од настанатите штети. Доколку при поднесувањето на барањето не биде доставена целата потребна документација, членовите на Комисијата ќе ги известат барателите при увидот на терен за документите што треба дополнително да ги достават за комплетирање на постапката.
MИА
Ново на Сител
-

Одбележување на Илинден во Пелинце и Св.Прохор Пчински
-

Сиљановска Давкова за Илинден во Скопје
-

123 години од Крушевската република
-

Филипче со илинденска порака од Мечкин Камен
-

Уапсени се 6 лица по вчерашното пукање на семејна прослава во гостиварско
-

Нема нови потврдени случаи на западно-нилска треска
-

Протест во Крупиште
-

Охрид пулсира 24 часа
