-->
-->
Општина Куманово повторно ќе стопанисува со спортските објекти
-->
Општина Куманово повторно ќе си ги врати под управување градскиот стадион, стрелиштето, спортската сала и комплексот Соколана.
Владата на вчерашната седница донесе одлука спортската сала и останатите спортски објекти да и бидат вратени на општина Куманово како и други спортски сали и објекти од неколку други општини.
Со овие одлуки, информираа од Владата, спортските сали се враќаат во владение и на управување на општините и стануваат поблиску до граѓаните и до спортските клубови во локалните заедници со што се отвораат можностите и потенцијалите за нивна поголема искористеност и за развој на спортот и физичката култура.
– Општина Куманово подолг временски период водеше иницијатива да си ги врати спортските објекти во сопствена надлежност кои своевремено и припаѓаа за да може да планира инвестиции во објектите, бидејќи се наоѓаат во очајна, многу лоша состојба, поради нерасчистени должничко-доверителски односи, склучување договори од страна на субјекти кои не ги исполниле своите обврски, изјави неодамна кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.
Првично беше вратен под владение спортскиот комлекс Соколана. Општината ќе има обврска да ги заштити овие објекти, да подготви планови за реконструкција. Претходно Куманово одвои два милионa денари за изработка на проект за спортската сала, но ќе се бараат дополнителни средства од Владата за реконструкција.
Кумановскиот градоначалник не ја исклучува можноста за јавно-приватно партнерство, а дивоизградените објекти околу спортските комплекси ќе бидат отстранети.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за европски прашања
-
Има ли начин да се подобрат односите Скопје-Софија?
-
Коридорот 8 од железничката пруга продолжува со градба, брзата пруга за Солун е приоритет
-
Ќе има ли реално поевтинување на основните производи со ограничените маржи?
-
Стружани бараат затворање на казината
-
ВМРО-ДПМНЕ: Николовски трошел во ресторани а земјоделците чекале субвенции
-
Системот „Безбеден град“ се проширува, казни на домашна адреса засега ќе нема
-
Спелеолошки истражувања во изворите во Црна Река