Општина Пробиштип објави оглас за продажба на осум градежни парцели

Општина Пробиштип објави јавен оглас за продажба на осум градежни парцели, информираше денеска градоначалникот Тони Тоневски. На продажба се понудени градежни парцели за изградба на куќи, станови и стопански објекти од лесната и незагадувачка индустрија. Парцелите се со големина од 350 до 850 м/2 и се наоѓаат во атрактивните зони на градот.
- Цената согласно законот се движи зависно од намената од 61 денар до 1.100 денари од м/2. Се надеваме дека ќе има голем интерес од жителите на Пробиштип, можеби и од околните градови, бидејќи навистина се работи за доста атрактивни локации, вели Тоневски.
Тој истакна дека парцелите за стопански објекти за лесна и незагадувачка индустрија се наоѓаат во Индустриската зона блок 75, кај старата бензинска пумпа.
- За станбено и индивидуално домување се наоѓаат меѓу улиците „11 Октомври“ и улицата „Никола Карев“. Исто така има и парцели кај станбените згради наречени „Неготинки“. Овие парцели се доста интересни, бидејќи претходно имаше заинтересирани токму за овие парцели, рече Тоневски.
Граѓаните за осумте градежни парцели во Пробиштип можат да аплицираат, а јавната електронска аукција ќе се одржи на 30 март. Општина Пробиштип за оваа година има планирано да инкасира околу 30 милиони денари од продажба на градежно неизградено земјиште.
Ново на Сител
-

Николоски: Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, оваа година ќе сме блиску до четири милиони патници
-

Николоски: За три дена Градскиот воз превезе околу 1.500 патници, интересот е голем и очекуваме да надмине бројка од преку 100 илјади патници
-

ЦУК: До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни
-

Осма жртва од западнонилска треска
-

Лавров: Обвинувањата за инцидентот во Лајпциг се „почеток на вистинска војна“
-

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Киев на разговори за прекин на војната
-

19-годишна девојка го пријавила поранешниот партнер, ја нападнал во нејзиниот дом и ѝ одзел пари
-

70-годишник измамен за 720.000 денари, маж му барал пари за наводно лекување на својот син во странство
