Општина Ресен и УНДП продолжуваат со проектот за заштита на Преспанското Езеро

Одличната соработка меѓу општина Ресен, УНДП и Швајцарската агенција за развој на полето на спроведување на проекти од областа на животна средина беше потврдена на средбата на градоначалникот Ѓоко Стрезовски, амбасадорката на Швајцарија во Република Македонија Сибил Техада Сутер и постојаниот претставник на ОН во земјава Лујза Винтон.
Тие ги посетија Паркот на природата „Езерани“, Мониторинг центарот за испитување на води во селото Стење, Компостарата, како и еден од фармерите вклучени во проектот за „Заштита на Преспанското Езеро“, каде се информираа за тековните активности од проектот, кој го спроведуваат општина Ресен и УНДП со средства од Швајцарската развојна агенција.
Градоначалникот Стрезовски изрази задоволство што општина Ресен има силен и посветен партнер во справувањето со предизвиците од областа на заштита на животна средина и управувањето со води во сливот на Преспанското Езеро.
- Општина Ресен подготвено влегува во наредна фаза на проектот за „Заштита на Преспанско Езеро“, која треба да заврши до средината на јули 2018 година и ќе се спроведат сет активности од изградба на канализациски системи, мали инфраструктурни проекти, подршка за ЈКП „Пролетер“ и други активности во насока на одржливо управување со животната средина во општина Ресен, истакна Стрезовски.
На иницијатива на Општината, во Ресен се одржа и трилатерален координативен состанок меѓу трите прекугранични општини, Ресен од македонска страна, Пустец од Албанска и Преспа од Грчка страна, каде беа разменети информации по однос на мониторинг и проекти поврзани со Преспанското Езеро. На состанокот, каде присуствуваа и проектниот тим на УНДП, Националните паркови „Преспа“ од Грчка и Албанска страна и Друштвото за заштита на Преспа од Грција беше договорено три пати во годината да се организираат вакви средби каде ќе се координира заедничкиот мониторинг на водите во Преспанското Езеро и ќе се разменуваат податоци за тековни и идни проекти.
Ново на Сител
-

Мицкоски и трговците постигнаа договор за цените на храната
-

Тема на денот со проф. д-р Димитар Трајанов, раководител на проектот „Везилка“, прва национална фабрика за ВИ
-

Поевтинуваат горивата, Мицкоски бара маркетите веднаш да ги намалат цените на основните производи
-

Размена на ресори можна опција во владината реконструкција
-

Гаши утре на средба со бугарската колешка Доцова во Софија
-

Амандманска расправа за законите за судска и јавнообвинителска служба
-

Сите осомничени за криминалот во ФФМ се обезбедени
-

Нема решение за 50-те лица кои останаа без договори за работа на Детска клиника
