Општина Штип даде финансиски отчет за реализираните проекти

Општина Штип за десет месеци има спроведено 106 тендерски постапки. Од нив, како што информира портпаролот на локалната самоуправа Драган Ристов, 50 постапки се однесуваат на улици и изградба на други инфраструктурни проекти, при што потрошени се 1,3 милиони евра без ДДВ.
- Најниска цена е постигната за асфалтирање на дел од улица АСНОМ во вредност од 128.193 денари и „Крушевска Република“ во вредност од 301.752 денари додека највисока цена е постигната за асфалтирање на улиците „Сутјеска“ и „Пиринска“ вредни 4.2 милиона денари и неколку улици во должина од околу 1.7 километри во „Дузлачки Рид“ вредни 4.1 милион денари. Инвестициски, најголем дел од средствата се предвидени за конструкција на велосипедската патека покрај Брегалница во вредност од 10.3 милиона денари без ДДВ односно 12.2 милиона денари со ДДВ, вели Ристов.
Во извештајот стои дека општината потрошила пари и за уредување на корито на реката Отиња во износ од 1,5 милиони денари, потоа за набавка на автобуски постојки 708.000 денари, а даден е и преглед за сите области, како и за платите на вработените.
Извештајот за финансиското работење на Општина Штип е ставен на увид на граѓаните на веб страницата. Ристов посочи дека извештајот за тендерите мора да се стави на увид на граѓаните согласно транспарентното работење на локалната самоуправа.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, аналитичар
-

Сиљановска Давкова – Милатовиќ пред студентите: Потребен е јасен сигнал од Брисел за проширувањето
-

Продолжи судењето Онкологија 1 со сведочење на вештакот од Србија
-

Тешки сведоштва за насилството врз Ивана и Катја
-

Полицајците на обвинителна клупа за „Пулс“, но судењето не почна
-

Крмзов во инвалидска количка на првото рочиште за затајување данок
-

Мицкоски очекува Савески да реотвора предмети, за Филипче обвинителот бил под контрола на власта
-

Детската песна за „Голема Албанија“ поттикна реакции – според АВМУ содржината шири омраза
