Општина Струмица бара построга регулатива за незаконско фрлање отпад
Апелираме до законодавната власт законската регулатива за јавна чистота да биде малку построга за да може граѓаните да бидат поодговорни кон средината во која живеат, истакна градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски по почнувањето на големата акција за чистење на дивите депонии во општината.
По чистењето на старите депонии на нивно место никнуваат нови, а според градоначалникот Јаневски, една од мерките е заострување на казнената политика.
-Нашите комунални инспектори и редари излегуваат на терен и досега се изречени многу казни. Морам да забележам дека или казните не се доволно големи или не се операционализираат до крај во смисла на ефектуирање на казните. Има субјекти кај кои се изречени повеќе казни, дури 20-30 казни изречени со решенија, но и понатаму има разни законски пречки кои овозможуваат казните да не се наплатат, рече градоначалникот Јаневски.
Според него, во последно време свеста на граѓаните е малку повисока и дека тие сами реагирале. Се надева дека полека лошите навики за фрлање отпад и создавање диви депонии ќе исчезнуваат, а општината нема друг начин освен упорно да ги чисти депониите и тоа ќе даде резултат.
Општина Струмица и ЈПКД „Комуналец“ завчера почнаа заедничка акција за чистење на големи диви депонии. Според информации од комуналното претпријатие собрани се околу 600 кубни метри отпад, а во чистењето на депониите беа вклучени 4 машини за товарење на отпадот и 12 камиони.
Се чистеа дивите депонии до патот Струмица-село Вељуса, кај селото Водоча, на влезот во село Просениково и кај гробиштата во село Добрејци, а акцијата за чистење продолжува и во наредните денови.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Во име на Владата имавме чест да организираме ифтарска вечера, момент на заедништво, почит и духовна поврзаност
-

Новиот Ирански врховен лидер, Моџтаба Хамнеи, вети одмазда за жртвите од војната
-

Три малолетни девојчиња нападнати од четири женски лица во Аеродром
-

Општина Струга не може да го продаде „аудито“ на Мерко од 67.000 евра поради стар долг
-

Малолетници нападнале 15-годишник во Скопје, еден од нив пукал со пиштол кон него
-

МНРиНТ: Досега реализирани четири летови за евакуација на граѓани од Блискиот Исток, превезени вкупно 458 патници
-

Семејството ја пријавило за исчезната, познат идентитетот на пронајдената жена во Вардар
-

15-годишен чирак со остар предмет го нападнал синот на газдата на берберница во Арачиново
