Општина Виница со сопствени средства асфалтира улици во населените места
Со 13 милиони денари од сопствениот буџет Општина Виница ја почна реализацијата на проектот за изградба и асфалтирање на десетина улици во селските населби и во градот.
Вкупната должина на сообраќајниците што ќе се асфалтираат во седум населени места е над 1,5 километар, а уште толку ќе се комплетираат во градското подрачје.
-Според техничкиот проект планирана е реконструкција и асфалтирање на 13 улици, при што веќе се завршени градежните работи во селата Истибања, Пеклани и Јакимово, а од почетокот на идната недела ќе се продолжи во Лески, Блатец, Драгобраште и Градец. Во Виница ќе се асфалтираат делови од улиците „Љупчо Сантов“, „Партизанска“, „Н. Н. Борче“, „Иво Лола Рибар“ и Ила“. Дополнително, ќе се направи асфалтно проширување од еден метар на должина од 2,5 километри на локалниот пат од Виница до селото Градец, а ќе се санираат и оштетувањата на повеќе улици во градот, истакна градоначалникот Ивица Димитров.
Паралелно со асфалтирањето на улиците во селските населби се решава и придружната инфраструктура, како што е изградбата на мал бетонски мост во Истибања.
По завршувањето на тендерската постапка и изборот на изведувач, наскоро ќе почне изградбата и асфалтирањето на два километри од локалниот пат меѓу селските населби Балинци и Капетанци, за што се обезбедени близу 20 милиони денари.
Ново на Сител
-

Екстрадиран Саит Саитов кој во јануари избега во Србија откако прегази жена во Капиштец
-

Лавров: САД сакаат да го купат европскиот дел од Северниот тек
-

Туск: Можеби е подобро што Зеленски поради војната со ордените не доаѓа утре во Гдањск
-

ЦУК: Еден пожар активен, еден ставен под контрола, седум изгаснати
-

Мерц: Поддржете ја мојата пензиска реформа или ќе пропуштите шанса што се случува еднаш во генерација
-

УЈП: Наближува рокот за поднесување на првите даночни пријави врз основа на Законот за минимален глобален данок на добивка
-

Собранието не ја прифати интерпелацијата за министерот Тошковски
-

Инцидент во Црниче: По недоразбирање во сообраќај, возило удрило моторциклист па избегало од местото

