Општината Охрид додели стипендии за 85 талентирани ученици од градот
Општина Охрид денеска на 85 ученици и студенти од градот им ги додели договорите за стипендии за учебната 2015/16 година.
Со денешното доделување на стипендиите се заокружува проектот на Локалната самоуправа за стипендирање на талентираните ученици од градот, со најава од градоначалникот Никола Бакрачески за постојано зголемување на средствата што ќе се издвојуваат за таа намена.
Станува збор за средства во износ од 1,2 милиони денари, наменети за стипендирање 40 основци, 35 средношколци и десет студенти .
- Оваа година има зголемување и на бројот на стипендистите и на вкупните финансиски средства за некаде 80 проценти споредено со лани. Можеби доделените финансиски средства не се високи,но знам дека вистинската вредност е во подадената рака,посебно кога се работи за млади и талентирани наши сограѓани,кои знаат дека, потрагата по знаењето и посветеното работење и учење е всушност најголемата,највистинската и највозвишената вредност, рече Бакрачески.
Тој најави дека Локалната самоуправа и во иднина ќе продолжи со практиката да ги поддржува талентираните ученици и студенти и да ја поттикнува нивната желба за знаење и освојување на нови хоризонти што ќе биде од полза и за пошироката заедница.
Учениците изразија задоволство од добиените стипендии, како мотивација и поттик за постигнување натамошни успеси во образованието.
- Доделените стипендии значат финансиска подршка за нашите родители и за нас пристојни средства, но највеќе ни значи подршката од локалната самоуправа за нашите напори кои ги вложуваме за да оствариме поголеми резултати во учењето, изјави ученичката Ана Бојаџиева.
Ново на Сител
-
Коалицијата „Европски фронт“ доставила приговор до ДИК за прегласувањето во Желино
-
ЦУК: Во тек акција за пронаоѓање и извлекување залутани лица на опасно стрмно место меѓу село Кожле и Велес
-
Несудената актерка која го создаде Мој ДДВ | Сања Лукаревска | Неформално | Sitel Podcast 039
-
РКЕ најaвува продолжување на евтината тарифа до 16 часот
-
Во Чашка затекнати двајца дрвокрадци од Прилеп
-
Комесар на СЕ за човекови права: Со Резолуцијата за Сребреница, светот се залага за правата на жртвите
-
Пронајдена дрога кај девет гости во скопски дискотеки
-
Пожар во куќа во центарот на Штип