Орбан бара санкциите за Русија да бидат укинати до крајот на годината
Унгарскиот премиер Виктор Орбан бара укинување на санкциите на ЕУ воведени против Русија поради нејзината војна против Украина, најдоцна до крајот на годината, пренесе ДПА.
Според провладиниот весник „Маѓар Немзет“, тој изјавил дека казнените мерки насочени кон Москва биле „наметнати на Европејците од бриселските бирократи“.
Во говор на состанок на пратеничката група на владејачката партија Фидес во одморалиштето Балатоналмади на езерото Балатон Орбан рече дека „санкциите предизвикуваат економски проблеми, енергетска криза и инфлација“.
ДПА потсетува дека Орбан одржува добри односи со рускиот претседател Владимир Путин. Досега тој ги поддржуваше санкциите на ЕУ кон Русија. Во исто време, тој можеше да преговара за ослободување на неговата земја од ембаргото за нафта.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николовски, министер за транспорт и врски
-
Бројката на повредени во трагедијата во Кочани надмина 200 - Во Македонија на лекување се 54 пациенти и се стабилни
-
Од идната недела ќе почне враќањето на дел од повредените на лекување во странство
-
Затворени 2 угостителски објекти, пуштале музика во денови на жалост, контролите продолжуваат
-
Засилени контроли во општините по трагедијата во Кочани
-
Собир на граѓани во Кочани
-
Големиот пожар што избувна доцна попладнето во близина на Струмица е изгаснат
-
Преглед на вестите од светот