Орбан: Бегалската криза е дел од левичарската завера
Бранот бегалци што пристигнува во Европа од Блискиот исток и од Африка може да биде дел од левичарската завера за „стариот континент“ да се наполни со гласачи кои и се наклонети на левицата, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Британските медиуми наведуваат дека анти-миграциската реторика и кревањето ограда на границата со цел да се спречи влезот на бегалците, кои бегаат пред војните и сиромаштијата, Орбан во Унгарија го направија уште попопуларен од порано.
-Не сум доволно храбар со сигурност за ова да зборувам јавно, но не можам да се ослободам од впечатокот дека зад сето ова стои еден мастер план, рече Орбан во интервју за швајцарското списание „Велтвохе“.
Унгарскиот премиер се повика на есеите на „европските левичари и радикални американски демократи“, кои предвидуваат раѓање на европски супер-држави, на штета на традиционалните национални држави.
-Бегалската криза претставува можност. Сите индикации и досегашно искуство укажуваат на тоа дека огромно мнозинство од овие бегалци ќе гласаат за левицата кога ќе станат граѓани на Унијата, така што ова претставува увоз на идни гласачи на левицата во Европа, истакна Орбан.
На прашањето зошто конзервативците, како Ангела Меркел, на пример, со добредојде ги прифатија бегалците, Орбан кажа: „Многумина од нас истото се прашуваме. Германија е клучна. Доколку Германците утре кажат ’Полни сме, тоа е тоа’, приливот моментално ќе престане“.
Орбан додаде и дека се сомнева дека рацете на Ангела Меркел се врзани заради нејзината коалиција со социјалдемократите.
Земјите од Европската унија се длабоко поделени околу тоа како да се одговорити на изненадувачкиот и масовен прилив на бегалци.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ
-
Надзорот за смртта на 9-годишното дете е во тек - Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-
Дел од маркетите ги замрзнаа цените на дел од основните производи во следните шест месеци
-
Синдикатот на УПОЗ бара средба со Владата
-
Рокас бара уставни измени, власта и опозицијата подготвени за реформи