Орбан: Идните поколенија ќе ги плаќаат грешките на денешните политичари околу мигрантите

Идните поколенија ќе треба да плаќаат за грешките на денешните политичари околу миграциското прашање, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан во интервју за телевизијата „ТВ 2“, по повод референдумот за квотите за бегалци, што ќе се одржи во Унгарија в недела, пренесе ТАСС.
- Не можеме да си дозволиме грешка по прашањето на миграцијата, зашто во таков случај ќе се промени не само нашата Унгарија, но и Унгарија на нашите деца и внуци ќе стане целосно различна. Луѓето го сфаќаат тоа, тие знаат дека за иднината на земјата се работи, истакна Орбан.
На 2 октомври во Унгарија ќе се одржи референдум на кој граѓаните ќе треба да ги прифатат или отфрлат квотите за распределба на бегалците во Европската Унија, наложени од самата Унија. Прашањето гласи: „Дали треба да и се дозволи на ЕУ да носи одлуки за преселување лица во Унгарија, кои не се државјани на Унгарија, без согласноста на унгарскиот Парламент?"
Во 2015, Европската комисија за земјите членки на ЕУ воведе квоти за прием на 160.000 бегалци, нелегално пристигнати во Италија и Грција. Но, до овој момент распределени се само еден процент од нив, оти голем дел од земјите фактички не ја почитуваат одлуката на ЕК.
Против планот за задолжителни квоти се Унгарија, Полска, Чешка и Словачка.
Ново на Сител
-

Притвор за директорката и двајца раководители од гостиварски „Комуналец“
-

30 дена кризна состојба во Гостивар
-

АХВ со засилени активности во Гостивар: Инспекторите земале дополнителни мостри од болницата и други објекти за испитување
-

Стомачни вируси детектирани кај двајца Гостиварци на Инфективна клиника
-

Политички препукувања за скандалот со водата за пиење во Гостивар
-

Претседателката на Индија Мурму во посета на Македонија
-

Силно невреме го погоди Делчево
-

Тензии поради Законот за високо образование
