-->
-->
Орбан: Ќе ги употребиме сите средства за да ја принудиме Украина да продолжи да испорачува руска нафта
-->

Унгарија ќе ги употреби „сите мерки и средства“ што ѝ се на располагање за да ја принуди Украина да продолжи да испорачува руска нафта, изјави денес премиерот Виктор Орбан.
„Го запревме извозот на дизел во Украина, сè уште го одржуваме извозот на електрична енергија. Ќе ги запреме транзитните пратки што минуваат низ Унгарија, кои се важни за Украина, сè додека не добиеме одобрение од Украина за испораки на нафта“, рече унгарскиот премиер.
Синоќа, украинската влада ја обвини Унгарија дека држи група украински банкарски службеници како „заложници“. Тие транспортирале „35 милиони евра и 9 килограми злато“ низ Унгарија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Уапсен тетовец кај Фонтана во Градски парк, физички нападнал полицаец
-

Мицкоски: Народ кој не ја познава својата писменост лесно станува туѓ во сопствената историја
-

18-годишник со автомобил излетал од патот и тешко се повредил
-

Во летниковец на Средно Водно пронајдено безживотно тело на 64-годишен маж
-

Константин Филозоф – св. Кирил: 42 години живот и дело што се памети 12 века
-

Уапсен водич во автобус од Косово, пробал да подмити полицајци со 50 евра
-

Уапсено лице од беровско, пронајдени се дрога, оружје, муниција и полициска униформа | ФОТО
-

ВМРО-ДПМНЕ: Денешниот ден не потсетува на нашата обврска достојно да го чуваме и негуваме македонскиот јазик
