Орбан официјално побара на самитот на ЕУ да не се расправа за преговорите за прием на Украина во ЕУ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска официјално побара од дневниот ред на самитот на лидерите на Европската унија да се отстрани главната тема: прашањето за почеток на преговорите за пристапување на Украина во ЕУ – што е прва тема на дневен ред таа средба, и финансирањето на Киев со милијарди евра во борбата против руската инвазија.
Во писмото до претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој ќе претседава со самитот во Брисел од 14 до 15 декември, Орбан инсистира дека најпрво е потребна „стратешка дискусија“ за европската иднина на Украина и предупреди дека „форсирањето на одлуката може да го уништи единството на ЕУ“.
Одлуките за проширувањето на ЕУ и ревизијата на нејзиниот долгорочен буџет, кој вклучува 50 милијарди евра помош за Киев, можат да бидат донесени само едногласно од сите 27 земји-членки на Унијата.
„Со почит ве повикувам да не го повикувате Европскиот совет да донесе одлука за овие прашања во декември, бидејќи очигледниот недостиг на консензус неизбежно ќе доведе до неуспех“, напиша Орбан.
Тој не кажа отворено дека Унгарија ќе стави вето на какви било чекори за отворање на преговорите за прием на Украина, но заканата беше имплицитна.
Канцеларијата на Мишел одби да го коментира писмото на Орбан.
Ново на Сител
-

САД и Канада не успеаја да постигнат трговски договор, канадскиот премиер најави контра царини за Вашингтон
-

Вирусот Западен Нил се шири низ Европа, најмногу случаи во Италија и Грција
-

Шеснаесет маратонци денеска ќе пливаат на 39. Охридски пливачки маратон
-

Одбележување на 25-годишнината од формирањето на ЕБР
-

Сончево и многу топло
-

Метеоролозите предвидуваат „невиден“ Ел Нињо, 2027 ќе биде најтоплата година досега
-

„Секоја капка за Преспа“ со Андреа Соколовски | Неформално | Sitel Podcast 147
-

Иран предупреди дека ќе одговори „силно и разорно“ на новите закани од САД
