Орбан со честитки до ВМРО-ДПМНЕ: По години опозиција, денес сте една од најуспешните политички партии во Европа

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, преку видео обраќање емитувано на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, упати честитки до партијата за, како што нагласи, „импресивните успеси“ во изминатите две години.
Орбан истакна дека по долг период во опозиција, ВМРО-ДПМНЕ успеала да се позиционира како една од најуспешните политички сили на европската сцена.
„Постигнавте убедливи победи на парламентарните, локалните и претседателските избори. Ја насочивте вашата татковина кон стабилен и предвидлив развој. По години опозиција, денес сте една од најуспешните политички партии во Европа. Нема подобра препорака од сопствениот успех“, рече Орбан.
Тој се заблагодари за соработката со лидерот Христијан Мицкоски и го охрабри членството да продолжи да му дава доверба.
„Продолжете по патот на успехот. Ви посакувам многу успех во претстојните владини задачи. Бог да ги благослови македонските патриоти“, додаде унгарскиот премиер.
На Конгресот со видео обраќања се вклучија и други претставници на сестрински партии на ВМРО-ДПМНЕ.
МИА
Ново на Сител
-

Ново судење за Пулс - Вработени во Министерството за економија негираат поврзаност со трагедијата
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче во 2018-та гласал за градење мигрантски кампови во Македонија
-

Филипче ги повикува студентите, партиите и граѓанските организации да се обединат против влез на мигранти
-

Судиите и Судската администрација без плата за ноември, Синдикатот пред одлука за прекин на работата
-

Перински: Да се откочи Законот за локална самоуправа
-

Прокисна кровот на охридската гимназија
-

Струмица го одбележува празникот на заштитниците на градот, Светите 15 Тивериополски свештеномаченици
-

Преглед на вестите од светот
