-->
-->
Орбан: Третата светска војна е реална опасност
-->
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека војната во Украина е „загрижувачка и опасна“ и дека не е претерување да се каже дека постои реална опасност од светска војна.
Орбан додаде дека „се повеќе се носат одлуки за употреба на понови и посилни оружја“, и дека „Западот ѝ испраќа на Украина сè посовремена опрема“, пренесува МТИ.
„Додека, од една страна, можеби звучи како претерување кога некои европски и американски лидери велат дека ако се продолжи вака, може да има трета светска војна, тоа е навистина реална опасност“, посочи Орбан.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Синдикалната кошница над 70.000 денари, Ристески: најголем дел од населението зема плата околу просечната
-

Кривична против Јани Макрадули – Штета во Пошта од близу 11 милиони денари
-

Нови 100 амбулантни возила за цела Македонија
-

Нова понуда за професионалните војници – До пензија да останат во АРМ
-

Oдложено рочиштето за Државна лотарија поради отсуство на сведокот на обвинителството
-

Правосуден испит на македонски јазик
-

Обвинителите бараат итна одлука од Уставен за намалените плати
