Орбан: Унгарија нема да го спроведе миграцискиот пакт на ЕУ, нема да прифаќа мигранти

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, денеска изјави дека земјата нема да го спроведе пактот за миграција на Европската Унија „сè додека има национална, патриотска Влада“ во таа земја.
„Брисел издаде наредба. Миграцискиот пакт се активира. Би сакал еднаш засекогаш да бидам јасен: сè додека Унгарија има патриотска Влада, нема да го примениме пактот за миграција“, рече Орбан во видео порака објавена на Фејсбук, пренесе унгарската новинска агенција МТИ.
Тој нагласи дека Унгарија нема да прифати мигранти и дека нема да им даде ниту еден евро.
Пактот за миграција и азил е збир на правила на ЕУ што треба да започне да се применува од јуни 2026 година, а неговата цел е да создаде ефикасни и унифицирани процедури за управување со пристигнувањата, да обезбеди праведна распределба на товарот меѓу земјите членки и да воспостави солидарност, истовремено заштитувајќи ги основните права на мигрантите.
МИА
Ново на Сител
-

Одобренија за нови 1030 станови, половина во Скопје
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

Прв конгрес на Српската демократска лига
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од кумановско
-

Владата пресмета колку пари месечно му требаат на четиричлено семејство
-

2,1 милион евра за изведувачите за прославата за независноста - индивидуалните хонорари тајна
-

Бугарија е против квалификувано мнозинство во ЕУ
