Орбан: Во 2015 година немавме бегалски бран, туку инвазија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека унгарскиот народ не сака мигранти и оти Владата не може да ја отфрли волјата на народот за едно толку важно прашање.
- Кога оние кои во 2015 година пристигнаа на границите на Унгарија за да влезат илегално во земјата, тоа не беше бегалски бран, туку инвазија. Никогаш не сфатив како Германија, која е пример за дисциплина и владеење на правото за сите нас, можеше да го прославува масовниот влез на илегални имигранти, анархијата и хаосот како нешто добро, изјави Орбан за германскиот весник „Билд цајтунг“.
Тој оцени дека во политичка смисла, миграциското прашање е проблем на Европската унија, а во социолошки е - германски проблем.
- Сите мигранти сакаат во Германија бидејќи сакаат германски живот, истакна Орбан.
Констатирајќи дека Германија секогаш ги пречекувала мигрантите за разлика од Унгарија, Орбан вели дека официјална Будимпешта својот дел го одработува така што ја штити границата на Шенген зоната на ЕУ.
Тој потенцира дека во ЕУ не доаѓаат муслимански бегалци туку економски мигранти во потрага по подобар живот, преминувајќи четири безбедни земји, кои „не се богати како Германија, но кои се безбедни и во кои не морале да спасуваат жива глава“.
Нагласувајќи дека унгарскиот народ не сака мигранти, Орбан рече дека тоа е прашање на суверенитетот и културниот идентитет и оти мора да се сочува правото на одлучување за тоа кој ќе живее на територијата на Унгарија. Исто така, тој смета дека големиот број муслимански имигранти ќе доведе до паралелни општества и оти „мултикултуризмот е илузија, бидејќи муслиманското и христијанското општество никогаш нема да се поврзат“.
- Ние (Унгарците), тоа не го сакаме. И не сакаме некој да не принудува на тоа, инсистира Орбан.
Ново на Сител
-

Новиот најмал електричен автомобил „смарт“ пристигнува во септември | ВИДЕО
-

Над 70 проценти раст во авиосообраќајот во последните 2 години
-

Хегсет: Американската војска треба да добие Нобелова награда за мир
-

Уапсен 29-годишен гостиварчанец, силувал малолетничка и објавил експлицитни содржини од неа
-

Од ССКМ бараат транспарентна истрага и нулта толеранција за нелегални медицински практики
-

Иранскиот министер за надворешни работи Арагчи се сретна со пакистански претставници во Исламабад
-

Поднесена кривична пријава за бесправно градење и узурпација на недвижности во Кочани
-

Две лица, меѓу нив судски полицаец, под истрага за примање награда за противзаконито влијание
