Орден „Витез на Националниот ред за заслуги“ за Арнаудовска

Францускиот амбасадор во Македонија Кристиан Tимоние, во име на претседателот на Република Франција, денеска ќе ја одликува директорка на македонската Академија за судии и јавни обвинители Анета Арнаудовска со орден Витез на Националниот ред за заслуги.
- Како директор на Академијата за судии и јавни обвинители, Арнаудовска постојано се залагаше во последните десет години за развој на соработката помеѓу Франција и Македонија во областа на обуката на судиите и јавните обвинители, како клучна за зајакнување на владеењето на правото преку примена на европски стандарди од доменот на кривичното, на граѓанското право и на индивидуалните слободи. Со својата компетентност и непристрасност, Арнаудовска, поддржувајќи ја обуката на судиите и јавните обвинители преку постојана соработка со Националната школа за судии и јавни обвинители на Бордо, даде свој придонес за развојот на односите со Франција, како и за иднината на европската интеграција на земјата, се наведува во соопштението.
Орденот за Национални заслуги на Франција, воспоставен во 1963 година од страна на генералот Де Гол, е едно од најпрестижните француски одликувања. Со него се наградуваат воени или цивилни лица, Французи или странци, кои имаат особени заслуги за Република Франција. Одликувањето се доделува со указ на претседателот на државата.
Ново на Сител
-

Исчистен дел од одроните на патот Берово - Струмица, сообраќајот се одвива по една коловозна лента
-

Во прекин сообраќајот на патот Берово - Струмица
-

Поднесено обвинение против градоначалникот на Будимпешта бидејќи дозволил одржување на Парада на гордоста
-

Трамп повторно му се закани на Иран
-

Кривична пријава против струмичанка за присвојување осум мобилни телефони од продажен салон во Гевгелија
-

Радосна вест од Скопска ЗОО: Џуџестите мармозети добија близначиња
-

Петмина кандидати за државен јавен обвинител, кандидатурите испратени во Влада
-

Тошковски - Кочиу: Пред летната сезона ќе го профункционира One Stop Shop меѓу двете држави
