Бизнис
5. јуни 2024 - 20:32

Организацијата на потрошувачи ќе поднесе тужба наместо граѓаните кои платија поскапи полиси

Колективна тужба ќе поднесе Организацијата за заштита на потрошувачите против осигурителните компании кои не им ги враќаат парите на граѓаните што платија поскапи полиси. Ги повикаа  оштетените кои во периодот од 25 април до 3 мај платија до 1.600 денари повеќе, да поднесат приговор на нивната платформа. Потоа Организацијата преку усвоената директива на Европската Унија  ќе бара да им се компензираат овие пари на граѓаните

Реално, никој поеднично нема да поднесе тужба за 840 или 1,600 денари, затоа што самата тужба ќе чини  поскапо. Затоа ние преку Претставничките  тужби ќе бараме отштета, односоно компензација за овие лица, кои платија поскапи полиси за автоодговорност. Доволно е да се јавата и 20 лица ,за да може да реагираме. Како им го зедоа парите на граѓаните, така ќе им ги вратат, вели Маријана Лончар Велкова, претседател на Организација за заштита на потрошувачи

Околу 10,000 физички и правни лица платијата поскапи полиси за авоодговрнот по одлуката на Осигуретелните компании да ги зголемат цените за 15 отсто. Потоа владата ја поништи нивната  одлука и ги врати цените наза. Но осигуретелните компании се изјаснија дека парите на тие што платија поскао нема да им ги враќаат.  Полисите ги продавале преку агенти,  на кои им исплатили од  20 до 40 % од вредносота на полисата., па сега не можат да им побарат да вратат дел од парите .  

Инаку, против осигурителните компании веќе се води постапка и во Комисијата за заштита на конкуренцијата, по поднесената претставка од Фатмир Битиќи>