Османи – Агелер: Акцискиот план против корупцијата, прв приоритет во Стратешкиот дијалог со САД
Справувањето со геополитичките предизвици во регионот, како и континуираната американска поддршка за нашиот евроинтегративен процес, беа теми на разговор на денешната средба на министерот за надворешни работи Бујар Османи и амбасадорката на САД, Ангела Агелер.
Како што информираат од МНР, во фокусот на разговорите беа проектите, активностите и целите на Стратешкиот дијалог меѓу САД и Северна Македонија, кој беше одржан во јуни оваа година во Вашингтон.
Османи информираше за Акцискиот план, подготвен од страна на Министерството за надворешни работи, преку кој Владата ќе ја следи имплементацијата на проектите и резултатите од Стратешки дијалог меѓу двете земји.
–Соодветно на веќе утврдените приоритети, првата област на интензивирана соработка во рамките на Акцискиот план е владеењето на правото и борбата против корупцијата, со што ќе се зајакне соработката меѓу двете земји и поддршката од страна на САД во оваа област, изјави Османи, посочувајќи дека очекува наскоро Владата да го усвои Акцискиот план и да се започне со негова имплементација.
На средбата стана збор и за останатите приоритети во рамките на Стратешкиот дијалог како што е претседавањето со ОБСЕ во 2023 година, претстојното преземање на претседавањето на Република Северна Македонија со САД – Јадранската Повелба, сојузништвото во НАТО, справувањето со геополитичките предизвици во регионот, како и континуираната американска поддршка за нашиот евроинтегративен процес.
Ново на Сител
-
Галичка свадба од 12 до 14 јули, Даријан и Стефана годинешните зет и невеста
-
Најмногу дожд во Дојран, утрово најсвежо на Попова Шапка
-
Конференција на Судскиот совет
-
СДСМ: Вистинските социјалдемократи никогаш нема да ги прифатат повиците на лажните патриоти од ЗНАМ
-
Познати се сите двојки за четвртфиналето на Евро 2024
-
Анкета: Еден од тројца демократи смета дека Бајден треба да се повлече од претседателската трка
-
Ураган на Карибите, има почнати и исчезнати
-
УНРВА: Најмалку 250.000 лица ќе бидат принудени да го напуштат Кан Јунис