Османи-Бејли: САД се стратешки партнер и поддржувач на евроатланските интеграции на Македонија

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска во Секретаријатот за европски прашања се сретна со амбасадорот на САД, Џес Бејли при што се осврнал на реформските приоритети содржани во Планот 3-6-9, презентиран пред два дена, во кој се преточени обврските кои Владата ги презела пред европските партнери, а кои, се наведува, треба да ги откочат евроинтегративните процеси во државава и се суштинска потреба на нашето општество.
Како што соопшти СЕП, вицепремиерот Османи посочил дека спроведувањето на итните реформски приоритети и регионалната соработка за интеграција во ЕУ се двете паралелни траектории по кои се движи работата на новата Влада.
- Не е лесно да се врати довербата на граѓаните во институциите и владеењето на правото и да се убедат меѓународните партнери за нашата искрена намера да се вратиме на правиот пат. Но, за нас не постои друга алтернатива освен членството во ЕУ и НАТО и поради тоа е исклучително важно да бидеме упорни. На тој пат, вашата поддршка за нашата европска и евро-атлантска интеграција, како и меѓусебно пријателство, се од исклучително значење, рекол Османи.
Османи, исто така, ја истакнал и потребната внатрешна кохезија која нуди целосна имплементација на Охридскиот рамковен договор со соодветна динамика која нема да ја наруши позитивната социјална средина.
На крајот од средбата, како што се наведува во соопштението, двајцата изразиле очекување дека соработката меѓу двете земји ќе продолжи да се одвива успешно и во наредниот период, и дека САД останува и понатаму стратешки партнер на земјата и земја - поддржувач на процесот на евроатлантските интеграции на Македонија.
Ново на Сител
-

Народниот правобранител оформи предмет за водата во Гостивар
-

Филипче бара истрага за нападот во Ново Село
-

Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската
-

Многу течности и хидрирање на телото на пеколните горештини
-

Нема доволно вода за пиење на пунктовните во Гостивар
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија и трајно решение на проблемот со набавка на лекови
-

Енергетските проблеми во Европа растат, Мицкоски уверува дека кај нас струјата нема да поскапи
-

Почнува реализација на третата секција од железничкиот коридор 8
