Османи: ДУИ е разочарана што Пендаровски го назначи Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање
Вицепремиерот, Бујар Османи, изјави денеска дека ДУИ е разочарана од одлуката на претседателот Стево Пендаровски, да го именува Ерол Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање. Како што рече Османи, ДУИ се надева дека Пендаровски ќе ја преиспита оваа одлука.
-Вчера одлуката на претседателот Пендаровски за назначување директор на Агенцијата не вознемири сите и стави сенка на вчерашниот ден кога Собрането ја донесе реформата за безбедносните служби. Нашите информации се дека одлуката е донесена врз основа на недоволна информиранот и дека не е злонамерна. Ставот на ДУИ е дека додека не се расветлат до крај кумановските настани, ниту еден човек кој бил дел од службите на Иванов не треба да биде на чело на таквите сензитивни институции. Очекуваме дека овој период претседателот ќе собере повеќе информации и ќе рефлектира по однос на неговата одлука – изјави денеска Османи.
Ново на Сител
-
Последни подготовки за утрешните двојни избори
-
Како тече гласањето во затворот Идризово?
-
Во Прилеп зголемен интерес за гласање кај болните и изнемоштени лица
-
Три лица повредени во тешка сообраќајна несреќа во скопско Влае, едно од возилата преполовено
-
Преглед на вестите од светот
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ