Османи: Двајца дипломати не го поминаа ветингот
Бујар Османи, министерот за надворешни работи ги соопшти првите резултати од ветингот кои се имплементирани, согласно преземените активности за првичниот ветинг или вонредната анализа на состојбата со безбедносните сертификати во рамки на МНР.
„На едно лице при проверка на безбедносниот статус одбиено му е барањето за безбедносен сертификат и не го поминал првиот филтер. За причините за одбивањето не добив образложение, а започната е и процедура за прекинување на работниот однос. Друго лице користело несоодветен сертификат. И тој не го поминува првичниот ветинг и за него следува прекин за работниот однос. Со тоа може да се заклучи дека две лица не го поминаа ветингот“, рече Османи.
Тој додаде дека се прават темелни проверки за дополнителни шест лица, кои не побарале обнова навремено и имаат истечени сертификати.
„На нив ќе им биде ограничен пристапот до куќата, но не се одбиени и имаат рок од 7 дена да побараат соодветна сертификација“, рече Османи.
Ново на Сител
-
Нова истрага за криминал во РЕК Битола
-
Љупчо Палевски преку Минск планирал да избега во Русија
-
Пандов - Затворски полицајци со валкани значки ќе бидат зад решетки
-
Следната недела ќе се носат мерки за намалување на цените
-
Традиционално закројување на лозје во винаријата Монтеко – Кратово
-
Валентајн: Празник на љубовта или потсетник на осаменоста?
-
СДСМ не дава поддршка за промена на државниот грб
-
Таравари: Етничките прашања можат да се решат во пакет со химната и државниот грб