Македонија
20. јуни 2023 - 9:43

Османи ги бодреше македонските фудбалери на „Олд Трафорд“

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи ги бодреше македонските фудбалери на вчерашниот фудбалски натпревар помеѓу Англија и Македонија во Манчестер.

„Прекрасен амбиент вечерва во Манчестер, на преполниот “Олд Трафорд”, вистински “Театар на соништата”. Имав среќа да се совпадне мојата посета на Обединетото Кралство со натпреварот; не можев да ја пропуштам шансата, овде од трибините да ги бодрам нашите репрезентативци. Со среќа Барди, Несторовски, Елмас..., поддршка за сите наши момци на теренот, предводени од Благоја Милевски. Напред и само храбро! По два порази, и два нерешени дуели, време е за фудбалска победа овде во Англија. Со среќа!“ - стои во вчерашната објава на Османи на Фејсбук.