Османи и Маричиќ во Тирана на конференција за пристапни реформи во Западен Балкан
Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, кој е и шеф на државната делегација за преговори со Европската унија, заедно со главниот технички преговарач Бојан Маричиќ ќе престојуваат во Тирана каде ќе учествуваат на третата конференција за пристапни реформи во земјите од Западен Балкан.
Во рамки на конференцијата се очекува да биде потпишана заедничка декларација каде, меѓу другото, ќе се реафирмираат заложбите за унапредување на добрососедските односи, регионалната соработка и европските перспективи на земјите од Западен Балкан.
Вицепремиерот Османи ќе има обраќање на панелот посветен на комуникацијата на ЕУ во јавноста, а за време на посетата на Тирана, се очекува да оствари и повеќе билатерални средби.
Конференцијата за пристапни реформи во земјите од Западен Балкан ќе се одржи утре, а е поддржана од Австриското претседателство со Советот на ЕУ. Ова е трета по ред конференција, на која ѝ претходеа првата конференција одржана во Скопје во 2015 година и втората одржана во Подгорица во 2017 година.
Ново на Сител
-
Државна лотарија се придружува на глобалната кампања за подигање на јавната свест за ризикот од вклученост на младите под 18 години во игрите на среќа
-
Курти ја обвини најголемата партија на косовските Срби дека го претставува Белград
-
Три од 28-те преживеани во авионската несреќа во Казахстан биле деца
-
Најмалку 14 преживеани во авионската несреќа во Казахстан | ВИДЕО
-
Приведен крадец баран со потерница
-
Автобус се излизга во Сопиште
-
Честитка од ВМРО-ДПМНЕ до верниците кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар
-
Најстудено на Попова Шапка, најмногу снег во Маврови Анови