Македонија
4. October 2018 - 8:38

Османи и Маричиќ во Тирана на конференција за пристапни реформи во Западен Балкан

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, кој е и шеф на државната делегација за преговори со Европската унија, заедно со главниот технички преговарач Бојан Маричиќ ќе престојуваат во Тирана каде ќе учествуваат на третата конференција за пристапни реформи во земјите од Западен Балкан.

Во рамки на конференцијата се очекува да биде потпишана заедничка декларација каде, меѓу другото, ќе се реафирмираат заложбите за унапредување на добрососедските односи, регионалната соработка и европските перспективи на земјите од Западен Балкан.

Вицепремиерот Османи ќе има обраќање на панелот посветен на комуникацијата на ЕУ во јавноста, а за време на посетата на Тирана, се очекува да оствари и повеќе билатерални средби.

Конференцијата за пристапни реформи во земјите од Западен Балкан ќе се одржи утре, а е поддржана од Австриското претседателство со Советот на ЕУ.  Ова е трета по ред конференција, на која ѝ претходеа првата конференција одржана во Скопје во 2015 година и втората одржана во Подгорица во 2017 година.