Османи и Захариева во нов обид за договор
Нова можност за изнаоѓање договор меѓу Македонија и Бугарија. Шефот на дипломатијата Бујар Османи и неговата колешка Екатерина Захариева денеска на нова средба во рамките на Берлинскиот процес.
На онлајн средбата министрите ќе бидат придружувани од првиот човек на германската дипломатија Хајко Мас. Состанокот на шефовите на дипломатиите претходи на одржувањето на Самитот на оваа германска иницијатива утре во Софија, со која оваа година копретседаваат Македонија и Бугарија.
Во пресрет на средбата и од двете страни не се откажуваат од изнаоѓање решение за отворените прашања. Премиерите Заев и Борисов во вчерашниот телефонски разговор се согласиле да продолжи директната комуникација, но и преку владините претставници и тимови. Тоа е во интерес на двете земји и во интерес на европските интеграции, констатирале шефовите на двете влади.
До одржувањето на Советот на општи работи во Брисел, по кој дефинитивно ќе се знае дали Македонија во декември ќе ги почне преговорите, останува уште една седмица. Тоа е малку време, порачува Османи, но Македонија има премногу вложено и премногу сме блиску за да дозволиме да ја пропуштиме оваа шанса, вели шефот на дипломатијата.
Горан Симоновски
Ново на Сител
-
Вучиќ: Опозицијата мисли дека сабота е ден Д, верувам дека студентите во блокада се попаметни
-
Обвинение за обид за убиство
-
Киев: Русите се обидоа да упаднат во градот Курск преку гасовод
-
Ѓоковиќ поразен во второто коло на Индијан Велс
-
Украинските сили извршиле напади со дронови на руска територија
-
Уапсен мажот што се качи на Биг Бен во Лондон и вееше палестинско знаме
-
Њујорк Тајмс: Одлуките на Трамп ја загрозуваат целта да се спречи развојот на иранската нуклеарна програма
-
Во Берово најниска утринска температура, највисока во Виница