Османи: Имаме обврска да обезбедиме поголема искористеност на ЕУ средствата
Наша обврска е да испорачаме што е можно поголема апсорпција на ЕУ средствата предвидени за инфраструктурно и енергетско поврзување на земјите од Западниот Балкан. Тоа е основа за поголема меѓусебна соработка, побрз економски развој, но и најдобар начин за премостување на политичките разлики и затворање на отворените прашања меѓу соседите, рече денеска вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на координативниот министерски состанок на Националниот инвестициски комитет (НИК).
Османи даде насоки во однос на предусловите за успешно функционирање и користење на средствата од ИПА 2, особено регионалните фондови во делот на инфраструкура во секторите транспорт, енергетика животна средина.
Во текот на состанокот, како што соопшти Секретаријатот за европски прашања (СЕП), беа донесени неколку заклучоци со кои се задолжуваат ресорните министри да го комплетираат составот на Националниот инвестициски комитет и да ги ревидираат Единствените листи на проекти на Владата со цел натамошно редовно одржување на состаноците на НИК во полн состав и реализација на проектите во рамките на роковите.
Состанокот во СЕП го предводеа Османи, кој е и национален ИПА координатор (НИПАК), како и неговиот колега, заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев. Присуствуваа повеќе ресорни министри, заменици министри и останати ресорни претставници задолжени за распределба и имплементација на проектите финансирани со странска помош.
- Состанокот беше одржан за да се разгледаат составот на НИК и Единствената листа на проекти, а беа разгледани и потенцијалните проектни предлози кои се зрели за поднесување и ги задоволуваат барањата на Инструментот Инвестициска рамка за земјите од Западен Балкан. Во согласност со ЕУ Агендата за поврзување (т.н. „конективити агенда“) и Програмата на работа на Владата 2017-2020, на состанокот беа дадени препораки за нејвино ревидирање од страна на надлежните министерства, од аспект на статус на реализација на проектите, ифнормира СЕП.
Националниот инвестициски комитет (НИК) е советодавно тело во кое на транспарентен начин се рангирани стратешки инфраструктури проекти. Ова тело е формирано за подобро да се планираат проектите, да се одредува нивниот приоритет и да се распределуваат средствата за транспортната инфраструктура и енергетска поврзаност на земјата со земјите од Западен Балкан во рамките на Инвестициската рамка за Западен Балкан.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости