Османи: Историските времиња налагаат навремени одлуки за отпочнување на долго задоцнетиот пристапен процес веќе во јуни
Закочените интеграциски процеси за Северна Македонија претставуваат извор на системска ранливост, чии ефекти негативно се прелеваат врз целиот регион. Искрено веруваме, дека ова се историски времиња кои налагаат цврсти и навремени одлуки. Императив е да се отпочне со веќе долго задоцнетиот пристапен процес на Северна Македонија и Албанија сега во јуни, за време на француското претседателство со ЕУ. Кога, ако не сега, порача денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Во обраќање на отворањето на панел дискусијата „Патот до Брисел“, што е воведен настан на овогодишниот Преспа форум за дијалог, што од 16 до 18 јуни ќе се одржи во Охрид, Османи истакна дека ширењето на трансатлантскиот и западниот поредок заснован на вредности и принципи е во интерес како,на земјите аспирантки за членство, така и на државите членки, но и во интерес на глобалниот мир и соработка.
– Верувам дека сега е идеално време, да се признаат конзистентните напори на Северна Македонија и Албанија и да се пресретнат со прифаќање од страна на ЕУ, како заеднички ангажман за посигурна и посилна Европа отпорна да се спротивстави на кое било трето влијание, изјави Османи.
Шефот на дипломатијата нагласи дека и ако ништо не се случи сега, земјава ќе остане посветена на европските реформи, но ќе страда самиот политички моментум, а колебањето и барањето нови иновативни начини како да се задржи „статусот кво“ нема да ги разубеди малигните влијанија, туку токму спротивното и ќе испрати погрешна порака кон останатите држави и граѓани од Западен Балкан.
– Ова не значи дека планираме да го напушиме европскиот пат. Ние сме уверени Европејци, со огромно убедување, со речиси 20 години од постигнувањето на спогодбата за асоцијација и стабилизација со ЕУ, одлични во спроведувањето и усогласувањето со европското законодавството и ќе продолжиме на тој пат, изјави Османи.
Интеграцијата, посочи Османи, во евроатлантските структури е многу повеќе од гаранциите од Членот 5 од Повелбата на НАТО и достапноста до европските фондови, бидејќи членството во Алијансата и во ЕУ е потврда за вредностите кои земјите ги почитуваат и кон кои се стремат.
Преспанскиот форум за дијалог, посочи Османи, е создаден како платформа за дијалог, дипломатија, компромисот и мирното решавање на недоразбирањата.
– Овие начела, имаат висока употребна вредност. Одовде, во овие клучни времиња за светската историја, ние се залагаме за проширување и зацврстување на поредокот заснован на правила овде во регионот, кој што е олицетворен во НАТО и ЕУ. Силно ја поддржуваме политиката на отворени врати за членство во Алијансата и даваме непоколеблива поддршка за членство на Финска и Шведска во НАТО, со силно уверување дека проширувањето ќе не направи сите нас посилни и пообединети, изјави Османи.
Бараме, нагласи Османи, итно отворање на преговорите за членство на Северна Македонија и Албанија во ЕУ и повикуваме на преземање на сите напори за унапредување во кандидатски статус за членство во ЕУ на Босна и Херцеговина и Косово и поддржуваме напредок во преговорите за Црна Гора и Србија и посакуваме и работиме за создавање на одржлив и исполнет со содржина однос со Украина, Молдавија и Грузија.
Ново на Сител
-
Опасност од нови силни врнежи: Жителите на Валенсија повикани да останат во своите домови
-
Новинарка во Скопје добила закани на социјалните мрежи
-
Пријава за сомнение за киднапирање на дете
-
Четворица мртви и 17 повредени во верижен судар во Мичиген
-
Силен земјотрес од 5,2 степени го погоди Халкидики
-
Орбан: Победата на Трамп ќе ја натера Европа да ја преиспита поддршката за Украина
-
Мајка пријавила во полиција обид за грабнување на нејзината тригодишна ќерка
-
Ембер и Зверев во финалето на Мастерсот во Париз