Османи: МНР однапред исплати три плати и кирии за амбасадорите во Украина

На денешниот брифинг министерот за надворешни работи Бујар Османи информираше дека МНР однапред за три месеци ги исплатило платите на вработените, односно за дипломатите во македонската амбасада во Украина како и киријата, поради страв од евентуално крахирање на тамошниот финансиски систем.
- Дадовме однапред плата за три месеци за амбасадорите, за кирија, за да не остане амбасадата без средства доколку банките таму затворат, рече денеска Османи.
Османи потврди дека семејствата на двајцата македонски дипломати во Украина се повлечени.
Засега остануваат 30 набљудувачи во рамки на специјална мониторинг мисија на ОБСЕ, иако некои земји веќе ги имаат повлечено или дислоцирано на побезбедна локација.
- Нашата позиција е поспецифична, ние сме дел од претседавањето со ОБСЕ и повеќе внимаваме какви пораки ќе испратиме, но сме во комуникација со набљудувачката комисија и со генералниот секретар на ОБСЕ, додаде Османи.
Ново на Сител
-

Пронајдена марихуана при претрес во дом во Гостивар
-

Зголемена фреквенција на возила и поголем застој за влез во државата на граничните премини со Грција
-

Сончево и топло и следната седмица, поизразена локална нестабилност во среда и четврток
-

Пронајдена исчезнатата Бугарка на Шар Планина
-

Затвореник од Идризово загина откако се качил на бандера и фатил жица под напон
-

Запален автомобил кај Мавровка
-

Ангелов: Најкомплексен е пожарот кон НП „Пелистер“, нема повредени пожарникари
-

Македонскиот кугларски репрезентативец Стоклас постави Гинисов рекорд
