Османи: ОБСЕ да продолжи да биде темел на европската кооперативна безбедност и платформа за дијалог
Со долгогодишното непочитување и прекршување на договорените принципи и заложби на Организацијата, е силно нарушена нивната кохезивна сила и се подриени принципите на ОБСЕ како темел на европската безбедносна архитектура. Ваквите тенденции доживеаја врв со агресијата на Руската Федерација врз Украина.
Ова го истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи во своето обраќање на 29. состанок на Министерскиот совет на ОБСЕ, што денеска и утре се одржува во Лоѓ, Полска.
Како што соопшти МНР, во неговиот говор пред министрите за надворешни работи и претставниците на земјите-учеснички на ОБСЕ, Османи се задржа на состојбите со кои се соочува Организацијата и актуелните политички и безбедносни предизвици, а се осврна и на визијата на нашето претседавање во 2023 година.
–Велат, ОБСЕ е на крстопат. Верувам дека вистинската насока напред е да овозможиме ОБСЕ да може да функционира врз основа на својот полн капацитет и подготвеност да испорачува, во корист и поддршка на граѓаните во ОБСЕ регионот. Организацијата да продолжи да и служи на целта за нејзино воспоставување, нудејќи релевантни вредности и принципи како темел на европската кооперативна безбедност, и платформа за дијалог како алатка за превенција и разрешување на конфликти, посочи шефот на дипломатијата Бујар Османи.
На маргините на состанокот, Османи денеска се сретна со Викторија Нуланд, потсекретар за политички прашања, во Стејт департментот, при што најави тесна координација со САД за време на претстојното претседавање на Северна Македонија со организацијата во 2023 година.
Османи утре ќе ја води третата пленарна сесија на состанокот, во капацитет на иден претседавач со ОБСЕ.
Ново на Сител
-
ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“
-
Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип поради сообраќајка
-
Косовското МНР потврди дека на директорот на српската Канцеларија за Косово му е забранет влезот во Косово за Велигден
-
За Велигден претежно сончево и потопло време
-
Тепачка во Чаир - 5 лица повредени
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата