Османи од Киев: Нашиот став за осуда на оваа воена агресија е оправдан
Во рамките на својата работна посета на Украина, министерот за надворешни работи Бујар Османи, придружуван од претставници на украинската Влада денес го посети градот Ирпињ, на периферијата на Киев, место на интензивни воени дејствија од почетокот на инвазијата.
„Тоа што го видов кај Ирпињ уште еднаш ме убеди колку нашиот став за осуда на оваа воена агресија е оправдан. Пронајдени се телата на бројни цивили, додека над 70 отсто од зградите се потполно или делумно уништени, вклучително болници и образовни институции“, изјави Османи и додаде дека невидената и неиспровоцирана агресија претставува тешко кршење на меѓународното право, напад врз суверена земја и сериозен обид да се уништат темелите на меѓународната безбедност и стабилност.
“Посетата на Украина, е чин на поддршка и солидарност и овие сцени и слики се доказ за неразумна и деструктивна политика, која стои позади неа”, порача Османи.
Ново на Сител
-
Во Лазарополе утрово најстудено, најмногу дожд во Дебар
-
114 сообраќајни санкции во Скопје
-
Од утре изменет режим на сообраќај на автопат А1, делница Петровец - Катланово
-
Управниот суд ја одби како неоснована тужбата на Европскиот фронт за решението на ДИК за прегласувањето во Желино
-
Македонија ги дозна противниците за Мундијалот, ќе играме во Вараждин
-
Европол: Уапсени четири луѓе во голема меѓународна операција против малициозен софтвер
-
Косовската полиција заплени пари од трезорот на НБС во северниот дел на Косовска Митровица
-
Поротата во судењето на Трамп го заврши првиот ден од расправата без да донесе пресуда