Македонија
14. јуни 2022 - 12:13

Османи: Рама жестоко ја бранеше Северна Македонија во Солун

Македонскиот шеф на дипломатијата, Бујар Османи синоќа во гостувањето во ТВ 21 ја коментираше шегата на претседателот на албанската влада Еди Рама, кој за време на самитот на Југоисточна Европа во Солун го нарече премиерот Димитар Ковачевски премиер на „идна Западна Бугарија”.

-Премиерот Рама беше многу остар кон бугарската делегација во Солун, до толку што и тие се вознемирија, посебно кон прашањето за Македонија, велејќи дека ова што го прави Бугарија е голем срам, прокоментира Османи во емисијата „Клик плус“.