Османи: Со имплементација на ИПА мастер планот до подобра искористеност на средствата
Состојбата со напредокот на Република Македонија во евроинтегративните процеси, со акцент нана имплементацијата на Планот 3-6-9, како и остварениот напредок во отстранувањето на политичките пречки за приближувањето кон ЕУ и НАТО биле тема на разговор на вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, на средбата во Брисел со Геновева Руиз Калавера, Директорка за Западен Балкан во рамките на генералниот директор за соседство и проширување во ЕУ.
Како што соопшти СЕП, на средбата со Калавера биле отворени и прашањата за искористувањето на средствата од ИПА, од страна на Македонија, за што Османи посочил дека во финална фаза е изготвувањето на т.н. ИПА Матер План, во кој се содржат мерки и активности со кои треба да се подобри ИПА структурата, како и да се унапреди апсорпционата моќ за искористување на ИПА средствата.
- ИПА Мастер планот го изготвуваме заедно со Делегацијата на Европската Унија во Скопје, за што имаме редовни средби, и истиот многу наскоро ќе биде пласиран во јавноста и ќе започне неговата имплементација, истакнал Османи на средбата.
Тој изразил очекување за поддршка за реформите на ИПА структурата од стана на ЕК и сите нејзини тела, затоа што, оценил дека тоа значи и доближување од европските стандарди што е еден од најважните причини за целиот процесот на европско интегрирање.
Османи е во дводневна посета на Брисел каде, меѓу останатите, оствари средби со Потпретседателката на Европската Комисија и Висок претставник за надворешна и безбедносна политика на Европска Унија, Федерика Могоерини, како и со Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан.
Ново на Сител
-
Само 20 до 30% се изградени затворените базени чија градба започна пред 5 години
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Боби Бојчевски, координатор за здравство на КСОМ
-
Владата и банките ќе ги продолжат преговорите за каматата од унгарскиот кредит за фирмите
-
СДСМ: Владата ги зголемува непродуктивните трошоци - Мицкоски: Сите капитални инвестиции ќе се завршат
-
Предвремено родените бебиња се мали херои за вработените на Гинекологија!
-
Раната детекција клучна за карциномот
-
Петровска: Немам амбиција да сум дел од раководството на СДСМ