Османи утре во Братислава ќе ја отвори новата Амбасада на Македонија
Министерот за надворешни работи Бујар Османи утре ќе престојува во работна посета на Словачка по повод официјалното отворање на Амбасадата на Република Македонија во главниот град Братислава, со што ќе биде официјализирано нашето дипломатско претставување во оваа пријателска држава, соопшти МНР.
Амбасадата ќе биде официјално отворена во 14:00 часот, во присуство на министерот Бујар Османи и неговиот словачки колега, министерот за надворешни и европски работи Иван Корчок.
Како што соопшти МНР, за време на овој свечен настан, двајцата министри ќе имаат можност, покрај билатералните односи да разменат мислења и за европското досие на земјава, со фокус кон можностите и поддршката за реализација на одлуката на Советот на ЕУ за почеток на преговорите, со одржување на првата меѓувладина конференција.
Ново на Сител
-
Од 1 јуни Македонците полесно до работна виза во Германија
-
Протест во зоната на Визбегово
-
Земјоделците постигнаа времен договор
-
Преглед на вестите од светот
-
Почна конститутивната седница на Собранието
-
Кучињата скитници „рак рана“ за штипјани
-
Викендов ќе се одржи адреналинскиот фестивал „SAMOKOV XTREME“ за промоција на убавините на Поречието
-
Преглед на вестите од светот