Османи утре во посета на Швајцарија и Шпанија
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, од утре ќе престојува во работна посета на Швајцарската Конфедерација и Кралството Шпанија.
Како што соопшти МНР, во рамки на престојот во Берн, министерот Османи ќе се сретне со бројни здруженија на граѓани и членови на нашата дијаспора од кои ќе побара поддршка за процесот на Попис 2021. За време на престојот во Швајцарија, Османи ќе има средба и со неговиот колега, сојузниот министер за надворешни работи на Швајцарија, Игнацио Касис, со кого, како што се наведува, ќе разговараат за севкупниот развој на односите меѓу двете земји, со посебен фокус на билатералната развојна помош на Швајцарија кон Република Македонија.
По Швајцарија, Османи патува за Мадрид на средба со неговиот домаќин, министерката за надворешни работи, Европска унија и соработка на Шпанија, Аранча Гонзалес Лаја.
Османи во Мадрид ќе се сретне и со Аурора Мехија, директор за Европска унија и главен советник во кабинетот на претседателот на Владата, Педро Санчез, а ќе има средба и со претседателот на Комисијата за надворешни работи во Сенатот, Антонио Гутиерез Лимонеси. Главен акцент во разговорите ќе бидат билатералните односи, економската соработка и европските перспективи на државата.
Во рамки на престојот во Мадрид, Османи ќе се сретне и со директорот на Светската туристичка организација Зураб Пололикашвили. Тој ќе има одделни средби и со претставници на дијаспората на Република Македонија во Шпанија.
Работните посети на Османи на Швајцарија и Шпанија се дел од дипломатските активности за презентација на европското досие на земјата, но и во насока на мобилизација на нашата дијаспора за вклучување во процесот на самопопишување во рамките на Попис 2021, стои во соопштението.
Ново на Сител
-

Песков: Се уште нема детали за средбата меѓу Путин и Трамп во Кина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Банкарскиот систем е стабилен
-

Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
-

Зеленски е подготвен за директни преговори со Путин во Турција
-

Иран соопшти дека ја разгледува можноста Ормуз да биде отворен според план што би се реализирал во рок од два дена
-

МДТ наложи блокирање на 104 веб-страници за нелегално онлајн коцкање
-

Зверев за прв пат светски рекет број 1
-

Гутереш предупреди дека трката меѓу САД и Кина во воената вештачка интелигенција води кон глобална катастрофа
