-->
-->
Османи во Тунис на Министерската конференција и Самитот на лидери на франкофонијата
-->
– Mинистерот за надворешни работи Бујар Османи, ќе учествува на 43-та сесија на Министерската конференција на франкофонијата, што ќе се одржи денеска во Џерба, Тунис, додека утре во Џерба ќе ја предводи делегацијата на Северна Македонија на 18-от Самит на лидери на франкофонијата.
Како што соопшти МНР, во рамки на најголемите два собири на франкофонските земји и во присуство на голем број светски лидери франкофони, Османи ќе се обрати на темите поврзани со иднината и приоритетните цели на франкофонијата и актуелните случувања во светот.
Воедно, во рамки на Самитот на лидери ќе се избира и идниот Генерален секретар на франкофонијата.
Северна Македонија е полноправна членка во Меѓународната организација на франкофонијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски го потврди задоволството од Тиват
-

Нови планови за нов клинички
-

Папата Лав XIV: Светот е во длабока криза
-

МФ: ММФ ја потврди стабилноста и отпорноста на македонската економија - извештајот со позитивни оценки за економскиот раст и фискалните политики
-

Судење за Пулс: Обвинителството изнесе докази за пропусти во годишните програми за надзор на ДЗС во Кочани
-

Ослободителна пресуда за таткото на Васил Јованов
-

Општина Кратово: Локалитетот „Куклица“ е узурпиран, се чека правосилна судска одлука
-

79-годишен Индиец починал во паркот „Жена борец“
