-->
-->
Осми меѓународен театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“
-->

Крива Паланка од денеска до 23 септември ќе биде домаќин на осмиот Интернационален театарски фест
Фестивалот ќе биде отворен вечер во 20 часот со официјалното кревање на фестивалското знаме, по што ќе се биде доделено признанието „Лауреат на фестивалот“ кое годинава и припадна на позната актерка и директор на „Театар Комедија“, Јелена Жугиќ. Говор за делото на Жугиќ ќе одржи театарскиот критичар Лилјана Мазева.
Фестивалската програма ќе почне утревечер, четврток, во 20 часот, со настапот на Театар комедија со претставата „Стјуардеси“ на Марк Камолети. Во петок со почеток во 12 часот во Локалната установа „Градски музеј“ Крива Паланка ќе биде промовирано делото „30 години литературно творeштво на Трајче Кацаров“, а вечерта настапува Народен театар Тузла, Б и Х, со „Свршувачка“ од Чехов.
На репертоарот се и настапите на Народен театар „Бора Станковиќ“ од Врање, НУЦК „Трајко Прокопиев“, Театар Кумановo со „Идиоти“, промоција на романот „Претстава“ од Гоце Ристовски, продукција „Како ви е драго“, Белград, НТ „Невена Коканова“, Дупница, НТ „Стерија“, Вршац и студио „Призор“ од Белград.
Фестивалот ќе биде затворен во петок 23 септември со настапот на младите актери од драмско студио при Нацонална установа „Центар за култура“, Крива Паланка со претставата „Не играј на Англичаните“ во режија на Глигор Цветковски.
Покровител на Меѓународнито театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“ е локалната самоуправа на општина Крива Паланка. Сите фестивалски вечеризапочнуваат во 20 часот, а претставите се одигруваат на сцената во Центарот за култура. Влезниците се со симболична цена од 50 денари, а собранатa сума ќе биде донирана во хуманитарни цели.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради трка во планинско трчање „Водно-Матка Треилс 2026“
-

Најмногу дожд во Охрид, Тополчани и Крива Паланка, највисока снежна покривка на Попова Шапка
-

Мицкоски на увид во изградба на новата училишна зграда со поврзување на постоечкото ООУ „Гоце Делчев“ во Илинден
-

Лазарева поворка и каланди во центарот на Скопје по повод Лазарева сабота
-

Денеска е Лазарова сабота, утре Цветници - празници предвесници на Велигден
-

Облачно со сончеви периоди, во источните делови дожд и грмежи, температурата до 18 степени
-

Астронаутите на мисијата на Месечината испратија фотографии од Земјата
-

Нови напади низ Блискиот Исток, додека Израел го таргетира Бејрут
