Основан комитет за истрага на падот на авионот на Иџипт Ер

Основан е официјален комитет за истрага за исчезнувањето на авионот од компанијата „Иџипт Ер“ на линијата Каиро-Париз, кој ќе биде предводен од Египет, изјави денеска шефот на египетската Служба за истрага на авионски несреќи Ајман Ал Мокадем.
Во работата на комитетот ќе учествува и Франција, каде се произведуваат авионите од типот „ербас 320“, како оној кој доцна синоќа исчезна од радарот над Средоземното Море, а во авионот имаше и 15 француски државјани.
Откако ќе бидат пронајден урнатиот авион, комитетот ќе ја започне потрагата по црните кутии и ќе почне со собирање докази. Велика Британија и Грција, исто така понудиле помош, но Ал Мокадем не соопшти дали помошта е прифатена.
Во авионот на египетската компанија „Иџипт Ер“ се наоѓаа десет членови на екипажот и 56 патници, меѓу кои, покрај останатите, биле 30 Египќани, 15 Французи и еден Британец.
Претходно денеска, неименуван претставник на грчката војска соопшти дека во морето биле забележани два портокалови предмети за кои се верува дека припаѓаат на исчезнатото летало .
Тој наведе дека предметите се здогледани на 230 милји јужно-југоисточно од грчкиот остров Крит, на подрачјето кое е под надлежност на египетската контрола на лет, јавува Танјуг.
Инаку, египетските власти не исклучуваат ниту една од можностите за причината на падот на авионот на компанијата „Иџипт Eр“, па ни „терористички напад“, изјави денеска египетскиот министер за цивилно воздухопловство Шериф Фати.
Фати апелираше до медиумите да престанат со шпекулации околу причината за несреќата.
Последниот контакт со авионот кој леташе на линијата Париз-Каиро, остварен е во 2,30 по локално време, додека во 2,50 е пробано да се воспостави контакт, но без успех.
Ново на Сител
-

Трамп имал „многу добри разговори“ со Путин, очекува брз крај на војните во Иран и во Украина
-

ПМФЛ: Вардар сигурен против Тиквеш, Пелистер победи во Струмица
-

Кој е човекот што пукаше на гала вечерата на Трамп со дописниците од Белата куќа
-

Кениецот Саве прв истрча маратон под два часа
-

Четворица малолетници ограбиле маркет во ГТЦ, при претрес пронајдени нож и електрошок
-

Маж од кичевско додека возел се пожалил на болка во градите, излетал од патот и починал
-

74-годишна жена паднала при нагло кочење на автобус во кој се возела и тешко се повредила
-

Контрола на полицијата на патниот сообраќај во неколку општини, уапсено едно лице, изречени 12 мерки
