Осомничен за тешка кражба во Скопје
Oсновното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и поднесе предлог за определување мерка притвор против 19-годишник од Штип осомничен за тешка кражба согласно член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик.
На 16 февруари, во близина на „Зелен пазар“ во Скопје, осомничениот од една оштетена жена, на дрзок начин, одзел златно ланче во вредност од околу 20.000 денари. Тој ја забележал оштетената, се доближил до неа од предната страна и со рака го фатил и го скинал ланчето кое го носела на врат, по што избегал од местото на настанот.
-Притворот е предложен имајќи ја предвид можноста осомничениот да се даде во бегство. Јавниот обвинител го ценеше и фактот што осомничениот е претходно осудуван, издржувал казна затвор до 06.01.2023 година, по што за кратко време сторил нови кривични дела за кои во тек се и други постапки по поднесесени кривични пријави пред Основното јавно обвинителство Скопје, наведува Јавно обвинителство на Република Северна Македонија.
Ново на Сител
-
Дванаесет Холанѓани се заразиле со хепатитис од боровинки, се стравува дека бројката е многу поголема
-
Мета ќе отпушти пет отсто од вработените, Цукерберг очекува „интензивна година“
-
Папа Франциск: Злоупотребата на децата е ужасно злосторство, неопходно е да се покаже солидарност со малтретираните
-
Втора успешна трансплантација со коска од починат донор на Клиниката за ортопедија
-
Во Косово затворени сите институции поврзани со Србија
-
Кос: Се надевам дека Македонија ќе го смени Уставот
-
Началникот на Армијата на конференција на Воениот комитет на Нато
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не може да се дистанцира од Груби