Осомничените во „Трезор“ повикани на распит во Судот
Во текот на денов во Основниот суд Скопје на сослушување треба да се појават четири осомничени лица од предметот на СЈО „Трезор“.
- Судии од Одделот на претходна постапка постапувајќи по двата предлога – предлогот за определување на мерка притвор против едно лице и предлогот за определување на мерки на претпазливост против три лица, на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела кои произлегуваат и се поврзани со незаконското следење на комуникациите (СЈО), поврзани со предметот во јавноста познат како „Трезор“, испратија покани до странките и лицата опфатени со предлозите и закажаа нивно сослушување кое ќе треба да се изврши во текот на денот, информираат од Судот.
Предметот „Трезор“ се однесува на економски криминал кој се однесува на злоупотреба на средствата од Буџетот на Република Македонија за што се осомничени три раководни лица во УБК и едно раководно лице во Министерството за внатрешни работи, во врска со набавка на електронско-комуникациска опрема и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија за потребите на 5-та управа при УБК
Ново на Сител
-
Симовски: Бројките од пописот во Албанија се резултат на интензивна бугарска пропаганда
-
Засилени полициски контроли на најфреквентните места
-
Фестивалски викенд во Кратово „Златни денови 2024”
-
Аутдор фестивал „When in Krusevo“ по 8-ми пат
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први