Оставка на 15 вработени во белградската Воздухопловна академија го спречува почетокот на наставата
Наставата во второто полугодие во Воздухопловната академија во Белград е практично невозможна откако 15 лица кои се на раководни позиции и се во Училишниот одбор поднесоа оставки.
Тоа го најавија од Советот на родители во тоа училиште, пренесе ТВ Н1. „Нема кој да им предава на децата стручни предмети.
Во второто полугодие можеби ќе можат да посетуваат настава по српски јазик или математика“, изјави Иван Милетиќ, оценувајќи дека сите проблеми во тоа училиште ги „зготвила“ министерката за образование Славица Ѓукиќ Дејановиќ, со смената на директорот Горан Цвијовиќ и одлуката да го замени со Мирослав Лепир, член на Српската напредна странка без искуство во воздухопловството.
Нов протест на вработени, родители, ученици и студенти е најавен на социјалните мрежи за утре во 15 часот, пред Воздухопловната академија.
Претходно денеска синдикатот и вработените во Воздухопловната академија организираа протестен собир на кој ги прочитаа имињата на раководителите на институцијата кои поднесоа оставка.
Синдикатот поднесе кривична пријава против Лепир и го извести Министерството за образование.
Ново на Сител
-
Македонија под снег и мраз
-
Граѓани со скршеници ги полнат болниците
-
Ослободителна пресуда за Гордана Јанкуловска, затвор за началниците во бегство
-
По интерпелацијата Даути си се смета за разрешена, но се уште нема оставка
-
Лефков: Филипче и СДС сега глумат декларативно оградување од ДУИ
-
Дефиле под маски
-
Шеќеринска: Патувањето кон членство во алијансата не е секогаш едноставно
-
Преглед на вестите од светот