-->
-->
Оставка на грузискиот селектор Вајс
-->

Селекторот на Грузија, Владимир Вајс, поднесе оставка на функцијата по поразот од Македонија (0:1) во финалето од плејофот за пласман на Европското првенство.
Македонија во Тбилиси победи со голот на Горан Пандев и првпат во својата историја ќе игра на едно големо натпреварување.
„Мојата работа заврши. Истече времето. Им благодарам на грузиските навивачи, играчи, новинари. Ова беше тешко време, но сепак ова беа пет добри години во мојот живот. Жалам што не успеавме“, рекол Вајс.
Словакот ја презеде репрезентацијата на Грузија во март 2016 година. Вајс како селектор во 2010 година успеа да ја однесе Словачка на Светското првенство во Јужна Африка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Лукашенко: Ако сега не ја запреме војната во Украина ќе избувне трета светска војна
-

Сиљановска-Давкова во Брисел: Очекуваме еднаков третман со другите земји кандидатки за членство во ЕУ
-

Мицкоски - Вуст: Македонија и Северна Рајна-Вестфалија ќе ја продлабочуваат економската соработка
-

Полскиот нуркач Бартоломиеј Питала предложен за почесен граѓанин на Скопје по истражувањето на пештерата Врело
-

Нудел помош на граѓани при подигнување пари од банкомат, па им земал дел од парите
-

Ристо Самарџиев по 17 години повторно на сцената на „Макфест“
-

Европол: Екстремистите користат „онлајн“ игри за ширење пропаганда и регрутирање млади луѓе
-

Вознемирувачка снимка: Снимен моментот на уривањето на авионот во Флорида во кој загинаа 9 лица
