Оставка на претседателката на норвешкиот Парламент, без причина и се плаќал стан во Осло
Претседателката на норвешкиот парламент Ева Кристин Хансен синоќа поднесе оставка откако беше откриено дека парламентот и плаќал за стан во Осло, иако таа со години има куќа со својот сопруг во близина на главниот град.
Хансен (48) изјави за норвешката телевизија NRK дека смета дека е неодржливо парламентот да има претседател кој е под истрага на полицијата. Таа се најде под лупа откако беше откриено дека можеби има пратенички стан на располагање во главниот град, иако има куќа во близина на Осло.
Сепак, таа е пријавена дека живее во Тромсо, поради што има право на стан во главниот град.
Хансен вели дека погрешно ги протолкувала правилата, што изгледа им се случило на уште неколку норвешки политичари, јави ДПА.
Во септември, министерот за семејство Кјел Инголф Ропстад поднесе оставка откако дозна дека е регистриран на адреса кај неговите родители иако живее со семејството во Осло.
Обвинителството соопшти синоќа дека уште шест пратеници се под истрага за слични проблеми со престојот.
Ново на Сител
-

Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен
-

Почина Доли Партон
-

Канада воведува нови царини за американските производи, трговската војна се заканува да ги погоди и Американците
-

Акција за отстранување хаварисани возила во општина Карпош
-

Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба
-

ЦУК: Осум активни пожари, еден под контрола, а 14 се изгаснати
-

Федерер не планира враќање на тенисот
-

„ОпенАИ“ откри разгранета мрежа за влијание што ги прикривала руските траги
