Оставката поднесена, Котевски останува директор до завршување на изборите

Директорот на затворот во Шуто Оризари, Ѓоко Котевски ја поднесе најавената оставка, но тој ќе остане да ја извршува функцијата до завршување на претседателските избори.
Од Владата вчера информираа дека ја констатирале оставката, но оти таа ќе биде разгледана по завршување на претседателските избори бидејќи е поднесена во период кога веќе се објавени изборите и кога не може да се прават разрешувања и именувања.
– Со оглед на тоа што оставката е поднесена во период откако се објавени претседателските избори, истата ќе се разгледува по завршување на изборите, штом заврши забраната за разрешување и именување согласно Изборниот законик, соопштија од Владата.
И самиот Котевски во изјава за МИА потврди дека ги поднел до Владата оставката и извештајот за инцидентите и оти привично биле покренати дисциплински постапки против 11 лица кај кои биле утврдени пропусти во постапувањето, но оти оваа бројка не е конечна.
Дисциплинските постапки се покренати против лицата кај кои се констатирани пропусти и прекршувања на протоколите за работа од страна на службата за обезбедување.
Како резултат на тие пропусти, како што посочија вчера од Владата, бил овозможен првиот вербален и физички инцидент, а подоцна не бил спречен вториот вебрален и физички инцидент, иако постоеле можности за превенција.
Од друга страна, опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку нејзиниот портпарол вчера повторно побара политичка и кривична одговорност за инцидентите во затворот во кои беа повредени нејзини членови – поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски.
Инцидентите во Истражниот затвор се случија на 21 февруари кога беа нападнати притворените поранешни министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски по што премиерот Зоран Заев побара оставка од директорот Котевски.
Ново на Сител
-

Дизелот поскапува за 6 денари, бензините за 3 денари за литар
-

Тема на денот со Арун Кумар Саху, амбасадор на Индија во Македонија
-

Уапсена директорката на Комуналец во Гостивар, резултати од анализите не се соопштуваат
-

Уапсена директорката на Комуналец во Гостивар, резултати од анализите не се соопштуваат
-

Повеќе од 3000 граѓани со стомачни тегоби во Гостивар побарале лекарска помош
-

Политички реакции за епидемијата на заразна болест во Гостивар
-

Пад на трошоците за живот во јули: Синдикалната минимална кошничка намалена за 156 денари
-

Новите амбасадори во Лондон, Хаг и Камбера добија зелено светло од Собранието
