-->
-->
Осуденик од Идризово: Дрогата е мојата приказна, таа ме донесе тука да гледам решетки наместо сонце
-->
Уште 1.063 осудени лица им прават друштво на доживотните осуденици во најголемиот затвор во Македонија – Идризово. Од нив се разликуваат по тоа што имаат право на слободен викенд, и во нивните пресуди наместо казна доживотен затвор стои број. Во машкиот дел од затворот во Идризово највисоката казна изнесува 40 години, а најниската е 6 месеци, пишува Мкд.мк.На двата и повеќе од половина од третиот, освен оној дел во кој се сместени доживотните осуденици, во Идризово има и мажи осудени за кражби, тешки кражби, насилство, разбојништва, трговија со луѓе, силување… Низ лавиринтот во затворот од сите страни на скалите кои се точно во средината има жица и затворски решетки. Каде и да погледнете сликата е таа. Затворот во Идризово со години во извештаите на народниот правобранител го следат критики за лошите услови, за пренатрупаноста, за непочитување на човечкото достоинство.
– Овде сум за нелегална трговија со дрога. Осуден сум за неколку грама марихуана. За тие мали грамови добив 7 и пол години затвор. Барем да носев големо количество и да заработев, да имав некаква корист. А јас што, ем без пари, без семејството и без слобода на крај. Дрогата ме донесе во затвор и поради неа изгубив се, изјавил еден од осудениците во Идризово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Белгија се откажува од проектот „и-полиција“ поради неисполнети очекувања
-

Во Русија разбиена мрежа на печатници кои фалсификувале пасоши и други документи
-

Контејнери за текстилен отпад пред сите месни заедници во општина Кисела Вода
-

Германија нема наскоро да се приклучи на мировните сили во Газа, вели министерот за надворешни работи
-

Минусни температури утрово на Попова Шапка, во Маврови Анови и Крушево
-

Трамп: Многу „гадови“ во САД го сакаа Епстин, а сега лажно тврдат дека не го познаваат
-

Без вода корисниците од улицата „Ванчо Мицков“ во Карпош
-

Петрова и Клековски ќе ги презентираат резултатите од контролите кај приватни гинеколошки ординации со договор со ФЗО
