Осум лица тешко повредени во пожар на товарен брод во Хамбург

Осум лица се тешко повредени во пожар што избувна на товарен брод закотвен во пристаништето во Хамбург, соопшти денеска противпожарната служба на овој северногермански град, пренесува агенцијата ДПА.
Седуммина од повредените, меѓу кои и еден пожарникар, се хоспитализирани во болница, додека на осмото лице со повреди помош му била укажана од страна на болничарите на самото место на настанот.
Пожарот избувнал во товарниот дел на бродот, кој е со должина од приближно 90 метри, на докот „Гревенхофкаи“.
Кога пристигнале првите интервентни екипи, од палубата на бродот се издигал чад. Според информациите од противпожарната служба во Хамбург, екипажот уште пред нивното пристигнување веќе започнал сам да се бори со пламените јазици.
По завршувањето на противпожарната операција, пожарникарите го предале местото на инцидентот на полицијата, која веќе води истрага за откривање на причините за пожарот.
Ново на Сител
-

Мицкоски-Пленковиќ: Македонскиот пат кон ЕУ е исполнет со непринципиелни и неправедни блокади
-

Мотор влечел 12-годишно дете по улица во Драчево
-

Речиси 80 отсто од потрошувачката на струја во март е обезбедена од домашно производство
-

Три случаи на семејно насилство за едно деноноќие: приведени мажи во Битола, Куманово и Кичево
-

На ГП „Блато" приведен државјанин на Албанија, баран со меѓународна потерница
-

Зголемени трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување
-

Мицкоски и Пленковиќ потпишаа договор за стратешка соработка меѓу двете земји
-

Мурињо се согласи на двегодишен договор со Реал, услов е Перез да биде реизбран
