Осум лица загинаа во етнички судири во јужен Казахстан

Осум лица починале, а поголем број се повредени во серијата пресметки и судири во неколку села во јужната казахстанска провинција Жамбил.
Според министерот за внатрешни работи Јерлан Тургамбаев, во првичниот судир во селото Масанчи, во непосредна близина на границата меѓу Казахстан и Киргистан, учествувале околу 70 лица, по што од другите села дошле уште 300 лица, пренесоа британските медиуми.
Во судирите интервенирала и полицијата, а во нив од огнено оружје биле повредени двајца полицајци.
Толпата запалила неколку куќи и автомобили, а полицијата уапсила 47 лица и запленила две ловечки пушки.
Претседателот на Казахстан Касим Жомарт Токаев истакна дека полицијата и Националната гарда сега ситуацијата ја држат под контрола
Тој додаде дека на владата и наредил да ги преземе сите потребни мерки за оддржување на мирот во селата.
Во областите во кои избија судирите живеат голем број припадници на малцинската група Дунган, муслимани од кинеско потекло.
Ново на Сител
-

Трамп му се закани на премиерот на Гренланд, Нилсен
-

Најстудено во скопско Петровец, најмногу снег на Попова Шапка
-

Лидерска средба за реформските закони и за укинување на техничката влада, не доаѓа само Филипче
-

Со палење на маските и василичарско оро завршува Вевчанскиот карневал
-

Најмалку 22 луѓе загинаа откако кран падна врз воз на Тајланд
-

Презентација на Националната стратегија за мали и средни претпријатија 2025-2030
-

Зеленски: Тешка ситуацијата во Украина
-

Трамп: САД ќе реагираат решително ако Иран започне егзекуции
