Осум мигранти загинаа во обид да го преминат Ла Манш

Осум лица загинаа во текот на ноќта во неделата при обид да го преминат Ла Манш од Франција во Англија, соопшти француската полиција, а пренесе Би-би-си.
Спасувачките служби беа предупредени откако бродот наиде на тешкотии северно од Булоњ-сур-мер во Па-де-Кале по 01:00 часот по локално време.
Гумениот брод заплови со 50 луѓе и набрзо почна да тоне.
Несреќата се случи за помалку од две недели откако 12 лица, меѓу кои шест деца и една трудница, загинаа кога потона брод со десетици мигранти.
Во несреќата на 3 септември годинава загинаа најмногу луѓе на Ла Манш.
Во последните два дена зголемен е бројот на обиди за преминување на каналот поради помирното време.
Француските поморски власти објавија дека во петокот и саботата за 24 часа биле спасени 200 луѓе.
Ново на Сител
-

Утринските температури над нула, најтопло во Виница и Крушево
-

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжува со изведување материјални докази од Обвинителството
-

Конференција „30 години на европскиот пат: Односите Македонија-ЕУ и патот напред“
-

СЗО: Можно е пренесување на хантавирусот од човек на човек на крузерот
-

Денеска е Св. великомаченик Георгиј (Ѓурѓовден) - празник на обновување на природата и животот
-

Трамп најави пауза на „Проектот Слобода“, Рубио изјави дека операцијата „Епски бес“ е завршена
-

Осомничениот за терористички напад на плажата Бонди ќе се соочи со 19 дополнителни обвиненија
-

Без струја делови од Шуто Оризари и Кисела Вода
