Осум организации добија едногодишни грантови од УСАИД
Осум организации денеска добија едногодишни грантови преку Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем. Целта на грантовите е подобрување на постоечки и развивање на нови деловни услуги за микро, мали и средни претпријатија (ММСП) во Македонија.
Директорот на Канцеларијата за развој на УСАИД Едвард Гонзалез им додели грантови на Комората на занаетчии – Скопје, Здружението за рурален развој ЛАГ Агро Лидер, МАКАМ-ТРАНС, Македонската асоцијација на метална и електро индустрија (МАМЕИ), Сојузот на стопански комори, Македонското здружение за лифтови, Стопанската комора на североисточна Македонија и Солар Македонија.
Гонзалез нагласи дека сите осум организации нудат развиени, уникатни и релевенатни вредносни предлози кои ќе им помогнат на компаниите од различни сектори, од сончева енергија па се до млекопроизводство, да ја зголемат продуктивноста, да создадат нови работни места и да ги пополнат постоечките со квалификувани кадри.
Претседателот на Асоцијацијата за соларна енергија Солар Македонија Илија Насов изјави дека во секторот соларна енергија лежи огромен потенцијал за домашното стопанство кое може многу подобро да се искористи со активна поддршка од јавниот сектор. Тој најави дека со помош на грантот ќе спроведуваат повеќе активности кои се насочени кон подобрување на деловното опкружување преку лобирање и развој на квалификувана работна сила, добра регулаторна рамка и еднакви пазарани услови.
Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем е почнат во 2017 година и работи на зголемување на продуктивноста на микро, малите и средните претпријатија. Работи со деловни здруженија, стопански комори, финансиски институции, тренинг центри и компании кои работат на развивање на нивните синџири на добавување, како и други организации кои нудат услуги за деловна поддршка на ММСП. Проектот работи и со финансиски институции на зголемување на финансирањето достапно за ММСП.
Ново на Сител
-
Почина Михаил Ренџов
-
Коста Кецмановиќ донесен со полиција и Брза помош - Ќе сведочи во најбезбедната судница во Србија
-
Гинисов рекорд: Најскапото шише вода продадено со наддавање за над 52.000 евра
-
Меси за пензионирањето на Иниеста: Еден од оние со кои најмногу се забавував играјќи
-
Сане би можел да се врати во Премиер лигата
-
ПСЖ заинтересиран за Едерсон
-
Водата во општина Василево не е безбедна за пиење
-
Прашањето за правото на здрава животна средина и загадување на воздухот на Општа седница на Врховниот суд